Спонзориран текст

Endava Online BA Week – недела на споделување на знаење и искуства

Спонзорирано од Endava

во Спонзорирани

Everything remains different е мотото под кое се одржа втората BA Week (Business Analysis Week), интерна конференција во Ендава. Конференцијата овојпат, за разлика од претходната година, се одржа целосно виртуелно. Приказната започнува со група на ентузијасти кои се адаптираа на новата реалност и организираа виртуелен настан, и покрај иницијалниот целосно готов план за организирање на конференцијата во просториите на Ендава.

BA Week траеше од 21-ви до 24-ти Април каде беа вклучени презентации, онлајн игри, работилници како и поддршка на хуманитарни иницијативи.

Навистина, се беше различно, сите работевме од дома, но бевме доволно мотивирани да се вклучиме во голем број. На „виртуелното отворање“ на настанот, говорник беше Томас Бехренс, раководител на секторот за анализа.

BA Week е одлична шанса за учење и споделување искуства, па во следниов дел ќе се осврнеме на тоа што ние имавме можност да го научиме. Нашите колеги го споделија нивното знаење, па имавме можност да слушнеме што вклучува работата на нашите бизнис аналитичари и проектни менаџери, и тоа:

„Креирање ефикасни процеси“

Атанас Наумовски го споделисвоето знаење и гледиште за тоа колку е значајно креирањето на ефикасни процеси, како дел од добрите оперативни практики при дигиталната трансформација. При тоа научивме за методологијата на “process mining”, со чија примена можеме полесно да постигнеме имплементација на ефикасни процеси и process excellence.

PO vs BA

Елена Колевска го сподели своето досегашно искуство на оваа тема и не натера да се запрашаме дали сме само бизнис аналитичари во текот на нашите проекти, или пак многу често ја превземаме и улогата на Product Owner.Анализиравме која е всушност границата помеѓу бизнис аналитичарот и Product Owner-от во агилниот свет на компаниите кои се ориентирани кон испорака на услуги.

„Што е бизнис вредност?“

Мирче Стефаноски не воведе низ сложеноста на концептот на бизнис вредноста и поврзаноста со останатите концепти на вредност – вредност на клиент и краен корисник. Презентацијата даде осврт на разликите помеѓу одредени механизми за калкулација на бизнис вредноста.

„Што претставува вредност?“

Љупчо Крстевски не натера да се запрашаме што подразбираме и како ја дефинираме вредноста како концепт. Тој смета дека вредноста не е нешто што се одредува однапред, туку е нешто што секоја организација мора постепено да го открие и да го усогласи со своите цели и стратегија во одреден временски период зависно од контекстот. Вредноста е само претпоставка, се додека не се потврди или докаже!

Data modeling (моделирање на податоци)“

Со цел подобро да ги објасниме и доловиме потребите на клиентите во нашите тимови, Бојан Тодевски –  во својата презентација не воведе низ концептот на data modeling и потребата од примена на истиот во бизнис анализата.

„Моќта на љубопитноста“

Дали поседуваме детска љубопитност и дали ги поставуваме вистинските прашања во секоја ситуација? Марија Аџиска не потсети колку е важно да останеме љубопитни, со цел континуирано да се развиваме лично и професионално.

Winning with the Team

Стефанија Аврамовска и Драгана Спасовска го споделија своето искуство за работата со долгогодишен клиент, почетоците и еволуцијата на проектот, растот на тимовите во Ендава и кај клиентот, како и приспособување на моделот на испорака за истиот најдобро да ги исполни соодветните потреби на клиентот.

„Етиката и работното место“

Лојалноста и интегритетот се едни од етичките принципи кои е потребно да ги следиме како личности и како професионалци на нашите работни места. Томи Лукан и Александра Сретенова Матева

организираа дебата на оваа тема и не натераа да се запрашаме, дали навистина при секоја одлука сме доследни на етичките принципи и што е она што можеме да го подобриме.

Што нашите колеги научија од BA Week?

  • „Ми се допадна концептот на одржување на виртуелен настан. Иако немаше можност настанот да се одвива во канцеларија, како изминатите години, докажавме дека сепак е возможно да се спроведе и на овој начин“
  • „Споделени практични искуства од работењето на реални проекти“
  • „По успешно организираниот виртуелен настан, можностите се бесконечни“
  • Curiosity did not kill the BA

Употреба на концептот на гемификација на настанот

BA week беше совршена можност за да ги охрабриме натпреварувачкиот дух и соработката помеѓу нашите колеги. Како поточно го спроведовме нашиот план?

Креиравме персонализирани стикери за секоја од презентациите на настанот, при што секој од презентерите имаше за задача да го сокрие во некој од слајдовите на својата презентација:

Како вклучивме и забава во целиот настан?

На забавен и позитивен начин сакавме да ја охрабриме креативноста и имагинацијата помеѓу нас и да покажеме колку ги цениме своите колеги со помош на игра: ‘Нацртај го својот бизнис аналитичар и / или Product Owner

Правила на играта:

  • Нацртај карикатура на својот бизнис аналитичар или Product Owner
    • Одбери ја твојата техника на цртање
    • Биди креативен и препушти се на својата имагинација

И конечно, дојде моментот да се опуштиме.

Средбата со која официјално го затворивме настанот се одржа едно сончево пролетно попладне по завршување на сите презентации од официјалната агенда. Иако вообичаено ги организираме овие средби на нашата тераса во Ендава, овојпат се послуживме со пијалок во домашна атмосфера, пред нашите лаптопи и заедно ги споделивме импресиите од уште една успешна BA Week конференција.

Впрочем, everything remains different.


Напомена: Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на Endava. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку и вие сте заинтересирани за објавување на промотивен текст за вашата компанија или производ, кликнете тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии