Endava излегува на берза

Англиската компанија Endava, која има канцеларии и во Македонија, излезе на берза. Endava е проценета на околу 2,5 милијарди долари. Во првото излегување на берза планираат да продаат акции во вредност од 75 милиони долари.

Акциите веќе се продаваат на Берзата во Њујорк под тикет DAVA. Продажбата започна на околу 25,2 долари, а сега се 23.8 долари.

Ендава е основана во 2000 година, а има канцеларии и во Србија, Романија, Бугарија, Молдавија, Данска, Германија, Холандија, Велика Британија и САД. Во Јужна Америка имаат канцеларии во Уругвај, Венецуела и Колумбија. Компанијата има над  4 700  вработени.


Ендава е присутна во Македонија од февруари 2014 година. Според најавите тогаш, компанијата требаше до 2018 година да отвори 450 работни места во Македонија.

Тимот од Скопје има пристап до широк опсег на професионални можности. Ендава исто така има блиска соработка со ФИНКИ и ФЕИТ факултетите, но и факултетите Свети Апостол Павле од Охрид, ФИКТ од Битола и СЕЕУ.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии