Емулација на игри со LaunchBox 9

Играње исклучително стари игри на нови или несоодветни оперативни системи е како да се трудите да измешате зејтин со вода. Обично, едното со другото не одат, барем сè додека не додадете трета состојка – LaunchBox!

На кратко, Launchbox е пренослива дата база и покренувач кој ќе ви дозволи да ја играте замислената игра. Старите игри, кои не се поддржани од новите оперативни системи, ги покренувате во DOSBox. Новите наслови, како и игри кои не се за Windows оперативните системи ги покренувате со помош на емулатори, кои дополнително треба да ги преземете. Точно така, алатката повеќе не служи само за репродукција на старите игри.

Најновата, деветта верзија на LaunchBox автоматски ги внесува сите ваши игри од Steam и ве опсипува со богати можности за уредување на вашата колекција од игри. Дополнително, исклучително сме задоволни од подобрените перформанси и значително пократкото време за реагирање од страна на алатката.

Launchbox е бесплатна за користење. Премиум верзијата, меѓутоа, крие многу поголеми можности и дефинитивно ја препорачуваме само доколку сте задоволни од основната и сакате поголема прилагодливост во форма на нови теми, филтри и големини, како и поголема прегледност, и поддршка за гејмпадови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии