Емотивниот робот Pepper се распродаде за само неколку минути

Првиот „емотивен“ робот Pepper имаше неверојатна продажба – се распродаде за само неколку минути во Јапонија. Роботот беше достапен во ограничена количина од 1.000 примероци по цена од 1.600 долари и дополнителни 200 долари за месечно за податоци и осигурување, јави CNN. Но, високата цена не ги спречи фановите веднаш да ги купат сите примероци на Pepper.

Хуманоидниот Pepper доаѓа со куп камери, сензори за допир, брзиномер и секакви алатки кои помагаат во креирање на „neural“ мрежа. Она што го разликува Pepper не е неговата софистициранот или купот на сензори, туку можноста да биде робот-придружник кој емотивно се однесува со луѓето. Pepper e радосен е кога ќе го пофалат и се плаши кога се исклучени светлата. Емотивниот алгоритам му овозможува да го препознае тонот со кој корисникот зборува, но и гримасите кои ги прави, а ова овозможува подобра интеракција со луѓето. Pepper секогаш се труди да ги развесели луѓето околу себе.

Се разбира дека однесувањето на роботот е дел од софтверот кој го управува, па и самиот е подложен на грешки, но со постојаните надградби системот ќе станува подобар. Креаторот на роботот Softbank се надева дека податоците од првите 1.000 примероци ќе им овозможат да ја подобрат емотивната реакција на роботот. Во моменот за роботот има околу 200 апликации, помеѓу нив можност за зборување англиски, француски, јапонски и шпански јазик.

1 коментар на “Емотивниот робот Pepper се распродаде за само неколку минути

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии