EmbedSocial лансираат нова платформа за Instagram “Stories”

Веќе подолго време како Instagram го започна своето владеење во светот на друштвените мрежи. Брендовите сѐ повеќе се преселуваат на оваа платформа во обид да го задржат или зголемат органскиот обсег кој веќе е во пад на Facebook.

Откога го зема приматот на Snapchat, Instagram може да се пофали со преку 300 милиони корисници на Instagram Stories. Story како нов формат за раскажување на приказни e еден од можеби најпопуларните формати за конзумирање на содржина од мобилен уред денес. Како доказ за популарноста е и интересот на Google и објавата на AMP stories, кои ќе се појавуваат директно во резултатите од пребарувањата на Google.

EmbedSocial е платформа која работи на подобрување на довербата на веб сајтовите и им помога на компаниите да ги интегрираат нивните профили од социјалните мрежи, со цел автоматски да прикажат доказ од кориснички генерираните содржини за нивниот кредибилитет. Па така, визуелното прикажување на слики и рецензии од корисниците на вашиот вебсајт е потврдено дека резултира во зголемена продажба.

Според информациите од EmbedSocial, таков пример е нивниот клиент, компанијата Trova Trip, кoja има направено повраток на инвестицијата во платформата за 62 пати, зголемувајќи ја стапката на конверзија на нивниот вебсајт за 12%.

Ваквите резултати и барања од корисниците се мотивот зад постојаниот развојот и унапредувањето на платформата. Па така, денес официјално е достапна првата платформа за Instagram stories, EmbedStories.

Лансирањето на оваа платформа можете да го поддржите и на ProductHunt.

Ако сте заинтересирани веднаш да ја испробате, кликнете овде за да се регистрирате за бесплатната верзија на EmbedStories.

Според Никола Бојков, CEO на EmbedSocial, ова е првата платформа во светски рамки за менаџирање на Stories.

„Секогаш кога работиме на нови верзии на платформата, најголем приоритет се дава на барањата на корисниците.

Но, овој пат, EmbedStories е резултат на нашата возбуденост за овој нов формат на комуникација и за големиот потенцијал што им се нуди на дигиталните агенции секојдневно да  раскажуваат приказни за брендовите што се автентични и блиски до корисниците што ги следат на Instagram.

Платформата е работена секојдневно со многу труд, близок разговор со корисници, анализа и секако следење на трендовите. Во овој контекст на имплементација на трендовите при развој на нов продукт, кај нас многу влијаеше веста од Google за AMP Stories и нивниот обид да иновираат во Google Search резултатите со нов формат кој дефинитивно ќе го привлече вниманието на големите контент продукции.

Па така, можам јавно да објавам дека во EmbedStories веќе е понудена опција за конвертирање на Instagram stories во AMP Story формат.

На овој начин ќе можете автоматски да ги искористите вашите Instagram stories во формат кој ќе биде прифатен и прикажан и во Google како AMP Story.

Имаме среќа, што успеaвме органски да привлечеме корисници кои веднаш добиваат корист од нашата платформа. Добиваме позитивен feedback секој ден од нив и нови идеи како да jа подобриме платформата.“

EmbedSocial е македонски стартап, кој е еден од првите стартапи подржан со инвестиција и одликуван со Сертификат за Извонредност од страна на ФИТР. Како дел од платформата се производите EmbedAlbum, EmbedReviews, EmbedFeed и EmbedStories.

1 коментар на “EmbedSocial лансираат нова платформа за Instagram “Stories”

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии