eMall.mk нуди онлајн продажба за сите; ветува испорака од врата до врата

eMall е нова македонска е-продавница која, според основачите Столе Китановиќ и Костадин Стојчев, e поразлична од другите е-продавници поради концептот на „онлајн трговски центар“ кој овозможува на сите македонски корисници да продаваат продукти кои ќе им бидат испорачани од врата на врата. eMall нуди можност за брендовите да си отворат своја продавница, додека индивидуалните продавачи може да понудат продукти кои ќе бидат додадени во каталозите на сајтот.

„Онлајн трговијата во Македонија расте за околу 100% секоја година. Генерациите што растеа со Интернет веќе имаат платежна моќ што е уште еден фактор, кој со вистинските алатки може да ја стимулира е-трговијата и да придонесе за нејзино рапидно зголемување“, вели Столе.

Според него, еден од факторите кои се мотивира е-трговијата е можноста да им се даде на корисниците поголем избор на продуктите и локацијата од каде може да ги најдат тие продукти. Затоа концептот на eMall е да ги зближат корисниците и да ја поедностават трговијата со испорака од врата на врата која, низ цела Македонија, ќе чини 80 денари. На сајтот бизнис моделот е секако да земе мал процент од 5 отсто за електронската трансакција и налози, за возврат на бесплатна продажба.

[youtube]h0f7XUxDXxQ[/youtube]

4 коментари на “eMall.mk нуди онлајн продажба за сите; ветува испорака од врата до врата

  1. Требаше нешто вакво овде на пазарот. Лично ми се допага страната. Доста чиста и уредна. Можеби изгледа пребрзо пуштен сајтот (знам какво е чуството да имаш нешто и брзаш да го пуштиш во употреба за да го видат сите), но мислам дека треба да дојдат повеке продавачи на сајтот па да се пушти во употреба бидејки вака обичен корисник ке дојде еднаш двапати на страната, нема да најде тоа што го бара и потоа нема да се врати.

    Сепак браво и пробајте да најдете побрзо повеке продавачи.

  2. Од секогаш ме интересирало кои се давачките спрема државата од вакви сајтови / интернет трговија. Има ли тука некаде персонален данок.

  3. Абе се е ок, ама не мора се од aliexpress.com да се нуди… Многу бледа копија :-) и сајтот и продуктите.

    За секој случај се надевам дека ова е само колку за почеток…

    1. eMall е отворен за сите кои сакаат да продаваат на интернет. Моментално понудата на продукти е мала. Очекуваме истата да се промени со зголемување на бројот на продавачи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии