3 коментари 2 мин. читање 1 октомври, 2018

Елон Маск нема повеќе да биде претседател на Tesla

Елон Маск ќе ја напушти функцијата претседател на одборот на Tesla. Ова е дел од спогодбата помеѓу Tesla и Комисијата за хартии од вредност. Дополнително, компанијата и г. Маск мора да платат казна од по 20 милиони долари.

Г. Маск може да се врати на својата сегашна позиција по 3 години. Сепак г. Маск останува дел од одборот и во овој период.

Причината за истрагата на Комисијата за хартии од вредност е еден твит на г. Маск. Твитот „Размислувам Tesla да ја направам приватна компанија за 420$ по акција“ и „Обезбедени се средства“ влијаеше на берзата, а г. Маск беше обвинет за манипулација.

Казната можеби изгледа висока, но експертите во оваа област сметаат дека г. Маск поминал „лесно“. Останува во одборот, сè уште има најмногу акции во компанијата и останува директор на компанијата. Со губењето на позицијата на претседател на одборот, тој нема да може да свикува состаноци и да ги поставува темите за кои ќе се дискутира.

Најверојатно најголем проблем е што ќе мора да се креира тело кое ќе ја надгледува комуникацијата на г. Маск на друштвените мрежи. Ова секако нема да се однесува на севкупната комуникација, но сè што се однесува на Tesla ќе мора да биде прегледано.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top