Elocance ги чита веб страните на глас

Elocance е алатка која ќе биде првенствено ценета од лица кои имаат одредени потешкотии при читањето. Од друга страна, можеби немате проблеми со читање, но сте во движење и повеќе сакате содржините од посетената страна да ви бидат прочитани. Elocance ем функционира како алатка за вашиот прелистувач, ем како апликација за вашиот телефон. Имено, откако ќе инсталирате Elocance и на Chrome и во вашиот телефон, логирајте се со истиот акаунт и сите мејлови, веб страни и документи кои ги добивате ќе ви бидат читани.

Во моментот кога ќе наидете на нешто што би сакале да ви биде прочитано, потребно е да кликнете на соодветното копче од лентата со екстензии и да изберете Add this page to my library. Доколку сакате да ви биде прочитан некој документ, потребно е да ги првин upload-ирате. Во ситуации кога прелистувате од вашиот телефон, потребно е да го допрете копчето Share и да ја изберете опцијата за праќање до Elocance.

Преку самата библиотека во апликацијата го започнувате процесот со читање на текстот. Од тука и можете да изберете прочитаното да биде со некој друг глас или пак да откриете некои нови работи за „слушање“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии