Елизабет Холмс и Theranos – стартапот кој го измами светот

Дејан Соколоски

во Вести

Минатата недела по неколку години заборав, Theranos повторно се појави во вестите. Овој пат причината е најавата на одбраната за користење на ментална болест како основа за одбрана. Судскиот процес на Елизабет Холмс ќе започне следната година во март.

Основачката на стартапот побарала преглед од психолог, а дозвола за преглед добиле обвинителите и обвинителите. Дел од експертите сметаат дека веројатно адвокатите ќе се обидат да ја искористат менталната состојба како дел од одбраната.

Елизабет Холмс е основач на стартапот Theranos. Компанијата ветуваше куп брзи прегледи, анализи и дијагнози со само една, (или барем неколку) капки крв. Технологијата која ја нудеа изгледаше предобро за да биде вистината, а подоцна дознавме дека технологијата воопшто и не постои.

Theranos набрзо по основањето успеа да биде оценет како креатор на „Breakthrough Device“. Ова им овозможува побрз развој и напредок без притоа премногу да се грижат за безбедноста на производот. На крај Едисон беше безбеден, но не функционираше.

Сепак приказната за Theranos е одлично предупредување за инвеститорите кои понекогаш и не знаат во што инвестираат. Дел од инвестициите како што самите објаснуваат ги прават врз основа на убедувањата на основачите и колку тие се подготвени да се жртвуваат за успех.

Сепак основачката на Theranos, Елизабет Холмс, одлично го „продаде“ својот ентузијазам и куп влијателни политичари ја поддржаа компанијата. Ова придонесе за неосновано зголемување на довербата во стартапот и инвестиции од околу 700 милиони долари. Во компанијата инвестираа и приватни инвеститори и инвестициски фондови.

Најголем дел од овие инвестиции беа поради раскажувањето на Холмс. Во говорите раскажуваше за болниот чичко, напуштањето на Универзитетот Станфорд за да основа сопствена компанија и потполна посветеност на Theranos. Не беше потребно многу време пред да биде прогласена за следниот Стив Џобс.

Приказната на Елизабет Холмс и Theranos

Theranos е медицинска стартап компанија основана од Елизабет Холмс. Компанијата ветуваше здравствена нега која ќе им биде достапна за сите, и куп тестови кои ќе се прават со неколку капки крв. Компанијата беше еден од најпосакуваните стартапи, се додеа не разбравме дека не си ниту блиску до технологијата која ја рекламираа. Пред да се запознаеме со проблемите со технологијата која ја развиваше Theranos, Холмс беше прогласена за најмлада жена претприемач која успеала да стане милијардер.

Во Theranos инвестираа и имаа доверба познати јавни личности и инвеститори. Компанијата набрзина се здоби со приврзаници и во политичката елита. Хенри Кисинџер, Џорџ Шулц, Џејмс Матис и Бетси Девос, се дел од првите приврзаници на стартапот и неговата приказна. Ова политичко влијание имаше огромно влијание и на довербата и на инвестициите. Најголем дел од овие инвеститори ја задржаа својата доверба во основачката на Theranos дури и кога беше започната истрага во компанијата.

Сè започна со презентациите на Edison. Машината требаше да биде супер преносна лабораторија која можеше да прави стотици тестови на крвта. Ветуваа дека сите тестови ќе бидат завршено во рекордно брзо време, и многу поевтино од алтернативите. Проблемот со ова беше што уредот не работеше, тестовите не функционираа, а во Theranos се однесуваа како да нема никаков проблем.

Стартапот дури успеа да ги убеди властите во Аризона да го променат законот и да овозможат преглед на крвна слика без медицински надзор. Тестовите се правеа на локации, на пример во клиниките на Safeway и аптеките на Walgreens на кои компанијата ги инсталираше своите преносни лаборатории. Стартапот ветуваше дека станува збор за нова понапредна верзија на Edison, но во суштина беше истиот расипан уред.

Во 2015 новинарот на Wall Street Journal, Џеон Керироу (John Carreyrou) го отвори прашањето за веродостојноста на тврдењата на основачите на Theranos. Компанијата во овој момент пред да биде објавена статијата успеа да добие дозвола од Aгенција за храна и лекови. Во времето кога г. Керироу ја објави статијата во која пишуваше дека уредот не работи Холмс го имапе своете прво појавување како член на бордот на Harvard Medical School.

Следната година бројот на тврдења дека има проблеми во Theranos порасна. Извори започнаа да излегуваат со предупредувања дека тестовите не работат и поради ова се опасност за пациентите.

По серија тужби Theranos затвори во 2018.

Пред да биде откриена измамата стартапот беше проценет на 9 милијарди долари. Покрај финансиското разочарување кое секако е огромно, веројатно е поголемо разочарувањето поради пропаста на стартап со огромни ветувања за сите. Ветувањата на крајот немаа никакви темели, но токму потребата од достапно здравство за сите придонесе кој огромниот интерес за стартапот.

Наскоро и судска разбршница за Theranos

Елизабет Холмс минатиот месец ја доби датата на која ќе започне нејзиното судење за измама. На 9 март 2021 ќе започне спорот за измама за основачката на Theranos. Во процесот против нејзе се очекува да се појават поранешните поддржувачи на стартапот: Џејмс Матис, Хенри Кисинџер и Руперт Мардок. Против нејзе се поднесени 9 обвиненија за измама и 2 обвиненија за заговор за измама.

Ако ја осудат Елизабет Холмс ја очекува повеќегодишна затворска казна.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии