Елиминирајте ја потребата за носење бројни картички со македонската Bonus Card

Имате ли картичка Ramstore?

Имате ли картичка Нептун?

Имате ли картичка Vero?

Еден куп картички, а само еден паричник! Финалниот резултат е носење картички на сите страни, губење време во нивно барање, и разменување осудувачки погледи со сите кои се зад вас. Македонскиот тим SwarmTix Inc. мора да се наоѓале во слични ситуации и, можеби, токму поради тоа решиле да произлезат со апликација која ги преточува сите картички во дигитална форма и ви дава пристап до сите нив од една појдовна точка – Bonus Card.

Bonus Card е апликација за Android. Откако ќе ја инсталирате ќе можете да вметнете која било од педесет и петте поддржани картички. Елеганцијата на оваа апликација лежи во нејзината едноставност. Кликнете на дискретниот + знак го горниот десен агол, изберете ја саканата картичка од долгата листа и скенирајте го бар кодот од картичката со камерата на телефонот. Процесот е брз и автоматизиран; само треба да ја поставите картичката во одреденото поле и да ја задржите неколку секунди. Во случај на неуспешно или нецелосно скениран код, можете да скенирате повторно, или рачно да го внесете кодот. Секојпат кога ќе го скенирате кодот, проверете дали сите бројки од кодот се префрлени. По извршениот скен, кодот се вдомува во почетниот екран и ви дозволува да ја извадите физичката картичка од паричникот и да ја фрлите во непознат правец. Следниот пат кога ќе ви се побара картичка, ја отворате апликацијата од телефонот и дозволувате на вработените да ја скенираат директно од телефонот. Во таквите ситуации, правење важен и перчење е целосно ваш избор.

На картичката работат Јоцо и Богдан – динамично дуо со кое, се надеваме, ќе можеме и подетално да поразговараме за овој и некој друг проект во иднина. Во меѓувреме, Јоцо и Богдан исклучително би ценеле доколку би можеле да ја преземете и тестирате апликацијата. За сите предлози и забелешки, информирајте ги на zdravo@bonuscard.mk. За сите идни информации и за најавата на iOS верзијата на Bonus Card, дефинитивно имајте го во предвид и нивниот официјален сајт!

2 коментари на “Елиминирајте ја потребата за носење бројни картички со македонската Bonus Card

  1. Шо правиме со картичките кои немаат бар код како на пример на Chapter Lounge Bar или картичките кои имаат чип како што е Верна на Макпетрол?

    И зошто само андроид?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии