Елиминирајте го следењето преку URL со ClearURLS

Во константната борба за приватност, контра-мислениците постојано пронаоѓаат начини на кои би можеле да ве следат. Еден таков начин е во поставување скриени информации за следење во самите URL линкови. Имено, претпоставуваме дека често ви се случува да кликнувате долги URL линкови. Во случај да таквиот лик содржи збор како source или UTM, тоа им кажува на веб сајтовите како сте ги откриле и кој линк сте кликнале за да ги посетите.

Целта на ClearURLS е да ве заштити, барем во тој поглед. Оваа екстензија за прелистувачите Chrome и Firefox ги „прочистува“ линковите од таквите предиспозиции за следење и ви нуди побезбедно прелистувачко искуство.

Откако ќе дозволите на ClearURLS да се вдоми во вашиот прелистувач, кликнете на соодветното копче од лентата со алатки. На располагање добивате четири опции: Filter, Logging, Badges, и Statistics. Под сево ова, ги гледате статистичките податоци кои се однесуваат на вас, односно колку линкови биле прочистени од информации за следење. Првата опција, Logging, всушност ја активира, односно деактивира екстензијата. Доколку стои на off, тоа значи дека линковите на кои кликнувате можат да ве следат.

Иако ClearURLS автоматски прочистува линкови, доколку сакате, можете рачно да исчистите некој линк или серија од линкови. Кликнете на иконата Cleaning Tool и префрлете го проблематичниот линк во соодветното поле. За повеќе линкови, потребно е да притиснете ентер по префрлување на првиот за да ви се отвори ново поле. Откако сте ги префрлиле „валканите“ линкови кликнете на соодветното CleanURLs копче и долгиот линк ќе биде трансформиран во значително пократок, почист линк кој е лишен од претходно-споменатите елементи за следење.

Според тимот зад CleanURLs, алатката има 130 правила кои работат во позадина и се трудат линковите да бидат чисти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии