Eleven стартува нова рунда инвестиции; ќе понуди 100.000 евра на регионални стартапи

Бугарскиот стартап акселератор Eleven ја започна седмата рунда инвестиции во која ќе им понуди до 100.000 евра на стартапите. Со програмот за финансирање Eleven 100 стартапите ќе добијат првин 25.000 евра, за кои треба да отстапат 8 отсто од сопственоста на компанијата, а потоа и дополнителни 75.000 по првиот месец. За споредба минатата програма Eleven доделуваше 50.000 евра за 6 отсто од сопственоста и 50.000 по акселерацијата и работата со ментори во Софија.

„Веруваме дека новите услови се пофлексибилни од претходните и пред се поогодни за стартапи како: Работа на интернет-на-нештата или хардверски проекти, за кои вообичаени е потребно поголема инвестиција за креирање на прототип отколку за апликација. А ние ги разбираме и сакаме гаџетите! Покомплексните софтверски проекти за кои се потребни поголеми тимови и потолг период на развој i pроекти во почеток (early traction) кои сакаат да потрошат дел од парите на рекламирање“.

Стартапите кои ќе бидат одбрани ќе треба да поминат три месеци во Софија работејќи со ментори и останатите стартапи. Деведесет отсто од случаите покажале дека стартапите кои целосно го користат програмот на Eleven поминуваат далеку подобро од стартапите кои одбрале да прескокнуваат некој делови на акселерацијата. Досега Eleven инвестирал 4,5 милиони евра во 68 проекти со што е најактивниот акселератор во регионот.

Доколку сте заинтересирани за Elevens 7 можете да се пријавите тука. Пријавите се отворени до 15 јуни по што започнува процесот на разгледување на пријавите, интервјуа и презентирање на стартапите пред инвестицискиот одбор.