Електронска наплата на патарини во Македонија

Наскоро би можеле да добиеме електронски систем за наплата на патарините. Сепак поради проблеми со правните регулативи, не се очекува електронското плаќање да започне пред август.

Електронската патарина најпрво пристига на коридорот 10. Ова е патот Романовце, Сопот, Отовица. Хардверот, поточно уредите, се веќе инсталирани и сега се чека да профункционира софтверот. Ова е прв пат да се имплементира електронско плаќање на патиштата во Македонија, вели директорот на Државни патишта, Зоран Китанов.

Досега во Македонија се користеше единствено физичко плаќање.

Инсталацијата на електронските патарини започна пред март, кога е отворена електронската наплатна станица во Романовце.

За наплата ќе се користат електронски картички. Картичките се бесплатни и ќе може да се земат на бензинските пумпи и на наплатните рампи во Македонија. За плаќање, корисникот ќе треба да „стави кредит“ на картичките со што потоа ќе може да плаќа со картичката. Надополнувањето може да се направи на граница, на наплатните рампи или со софтверска апликација.

Според првичниот план, сите патарини од коридорот 10 треба да бидат надградени на електронско плаќање до крајот на 2018 година. Потоа ќе следи коридорот 8 на кој надградбите ќе започнат во 2019 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии