Електроника, астрономија, гејминг, програмирање и куп несекојдневни теми во Game Developers Hive

Битола има нов простор во кој може да одите и да пронајдете соговорник и на најневообичаените теми. Настаните и средбите ќе ги организира Game Developers Hive и ќе се одржуваат секој вторник и четврток.

„Идејата е дружбата да е неформална – после работа (затоа се отвара во 17:00). Ќе има нешто пијалок, грицки, и може да дојде кој сака, кога сака. За секоја средба, околу 19:00 планираме да има до 45-минутно предавање на разни теми: програмирање, електроника, моделирање, цртање, астрофизика и сѐ друго интересно – генерално работи за кои не се муабети секојдневно. После предавањето ќе имаме прашања, и дружбата може да продолжи до 21:00.“, вели Петар Котевски, еден од организаторите на средбите и основач на МАГДА.

Првите средби треба да започнат веќе од следнинот четврток. Првата тема ќе биде  електроника – како да се направи custom појачало; да се поврзе со мобилен и со стари звучници и тоа под 10 евра. Серијата за електроника не завршува тука, туку се планирани серија предавања „Електроника под 10 евра“. Предавач и модератор на темите за електроника е Баже Стојчевски.

„Зборуваме за ова веќе неколку месеци. Планираме проекции на филмови од интерес на групата што ќе се движи таму, понатаму да организираме гостувања и секако да се потрудиме средбиве да станат редовни.“, додава г. Котевски.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии