Електричните возила се прескапи, но производителите бараат алтернативи

Дејан Соколоски

во Вести, Свет

Веројатно на сите кои ја погледнале цената на електричните возила веднаш им станува јасно дека е многу повисока од традиционалните автомобили. Дури и економичните модели како Nisan Leaf и Chevy Bolt се продаваат за 30 000, односно 37 500 долари. Неoдамна претседателот на Volkswagen објасни дека поради префрлањето на електрични возила, цената на најниската класа на возила ќе биде повисока.

„Сегашната цена не може да остане иста ако возилата се со електричен мотор. Ова ќе придонесе за значително повисока цена во делот на пазарот за помали возила“, вели Ханс Дитер Потш, претседател на одборот на Volkswagen.

Секако оваа е цената која купувачот би ја платил на почеток со купувањето на возилото. Тековните трошоци за гориво се многу повисоки кај возилата кои возат на деривати на нафта. Во текот на експлоатација електричните возила се поевтини не само поради цената за гориво, туку електричните возилата имаат помалку подвижни делови. Ова придонесува кон помалку посети на сервис поради поправки. По неколку години можеби цената платена за возилото ќе биде и пониска. Но, што придонесува за потребата од висока почетна „инвестиција“?

Главен елемент кој придонесува за високата цена е батеријата на електричните возила. За нејзино користење се употребуваат скапи материјали, а за да може да се користи (полни и празни) повеќе пати и процесот на производство е скап. Цената за секој 1kWh на батеријата е 209 долари. Вториот проблем кој придонесува за високата цена често го објаснува Елон Маск, електричните возила не се произведуваат во големи серии. Колку повеќе произведени возила, толку е пониска цената.

Еден нов начин со кој производителите на возила сакаат да го поевтинат користењето на електрични возила е со тоа што ќе ги направат батериите на возилата дел од електричната мрежа. Сопственикот на возилото ќе може да го полни возилото во вечерните часови кога струјата е евтина, а потоа оваа енергија да ја продава во текот на денот кога електричната енергија е поскапа. Поточно во периодот во кој електричните возила не возат ќе бидат дел од електричната мрежа, некаква подвижна резерва на електрична енергија. Неколку компании веќе работат на технологија која ќе овозможи интегрирање на овие батерии во електричната мрежа. Компаниите E.ON и EDF соработуваат со Nissan на развој на вакво „vehicle-to-grid“ решение, пренесе Reuters.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии