Електричните возила кои ќе се возат во Европа ќе доаѓаат со „додаток“ за звук

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Електричните мотори во електричните возила се значително потивки од моторите со внатрешно согорување, и иако ова на прв „поглед“ звучи одлично, сепак предизвикува проблем. Причината за проблемите е што вака пешаците не добиваат доволно предупредување дека наидува возило. Поради ова Европа има закон со кој електричните возила ќе мора да имаат дополнителен уред кој ќе произведува звук. Ова пред сѐ важи за брзините под 19 km/h, и секако потивката работа е поголем проблем за пешаците кои имаат проблем со видот.

Системот кој ќе „произведува“ звук е наречен „акустичен систем за предупредување во возилата“ и треба да произведе звук кога возилото се движи побавно или кога вози во рикверц.

Причината за овие барање е што во овој случај возилата веројатно се во близна на пешаци, па тука е потребна дополнителна мерка за безбедност. Овие уреди ќе можат да се активираат или ако возачот смета дека нема потреба, да се исклучат.

Законот за звучни сигнали од 2021 година ќе важи за сите возила, а не само за новите вели BBC. Што се однесува до гласноста, треба да остане во рамките на звукот што го испуштаат возилата со мотор со внатрешно согорување.

Тивката работа на електричните возила е опасност за сите, но повеќе за пешаците кои имаат оштетување на видот. Со звучните сигнали возилата ќе бидат побезбедни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии