Електричната мрежа на Јоханесбург мета на сајбер напад

Дејан Соколоски

во Вести

Минатата недела еден од најголемите дистрибутери на електрична енергија во Јужна Африка беше мета на сајбер напад. Податоците, апликациите и базите беа криптирани и дел од корисниците останаа без електрична енергија. Преку Twitter, CityPowerJhb објави дека како последица на „ransomware“ криптирани се базите на податоци, апликациите и мрежите.

Најголем проблем имаа корисниците кои купуваат електрична енергија припејд. Ова е еден од сервисите кој беше зафатен и овие корисници немаа можност да ја користат платформата да купат електрична енергија. Зафатен беше и системот за одржување и немаше можност па поправката на дел од дефектите доцнеше, јави The Citizen.

Најголем дел од системот продолжија со работа од петок, но делови од системите не беа достапни во целост. Податоците на корисниците со овој напад не беа доведени во опасност.

Ransomware е малициозен софтвер кој ги шифрира податоците на заразените компјутери и со ова го пречива пристапот до овие податоци. Напаѓачите често бараат откуп за да го пратат клучот потребен за декрипција, но нема гаранција дека и ќе го одржат ветувањето. Дополнително за поради начинот на кој функционира ransomware софтверот дел од податоците не може да се вратат и по дешифрирањето.

Бројот на компании, но и градски служби кои се цел на ransomware напади е значително зголемен последниов период. Неколку градови и институции во САД беа цел на вакви напади. Неодамна два града од Флорида решија да ја исплатат огромни откупнини. Ривера Бич плати 600 000 долари, а Лејк Сити исплати 500 000 долари во биткоини.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии