Elder Scrolls: Skyrim e најдобрата игра за 2011 на Game Developers Conference

По првите неколку дена на годинешнава конференција на дизајнери на видео игри Game Developers Conference 2012 по дванаесетти пат се доделија наградите за најдобри игри за изминатата година. Изборот на најдобра игра помина без изненадување и се чини дека сите се согласни (барем тие што ги проследив) дека најдобрата игра за 2011 е петтото продолжение на Elder Scrolls серијалот Skyrim. Друг голем добитник на овие награди е играта која по вторпат докажува дека PC гејмингот не е мртов и веќе е добитник на неколку награди за најдобра PC игра оваа година Portal 2.

Овој пат Тод Хауард излезе на бината заедно со голем дел од луѓето кои работеле на Skyrim за заслужено да ја споделат заслугата за најдобра видео игра. Наградата за животно дело ја доби Ворен Спектор кој укажаната чест ја прими емотивно заблагодарувајќи им се на сите кои му помогнале да стигне каде што е. Дел од наградите се презентирани подолу, а целата листа можете да ја погледате на официјалната страна на фестивалот или на страна на Gamespot.

GAME DEVELOPERS CHOICE НАГРАДИ:

Игра на годината:

  • Batman: Arkham City (Rocksteady Studios)
  • The Elder Scrolls V: Skyrim (Bethesda Game Studios)
  • Portal 2 (Valve)
  • Deus Ex: Human Revolution (Eidos Montreal)
  • Dark Souls (FromSoftware)

Најдобро дизајнирана игра:

  • The Elder Scrolls V: Skyrim (Bethesda Game Studios)
  • The Legend of Zelda: Skyward Sword (Nintendo)
  • Portal 2 (Valve)
  • Batman: Arkham City (Rocksteady Studios)
  • Dark Souls (FromSoftware)

Иновативност:

  • Skylanders: Spyro’s Adventure (Toys For Bob)
  • Portal 2 (Valve)
  • Bastion (Supergiant Games)
  • Johann Sebastian Joust (Die Gute Fabrik)
  • L.A. Noire (Team Bondi)

Најдобро применета техника:

  • Battlefield 3 (DICE)
  • L.A. Noire (Team Bondi)
  • Crysis 2 (Crytek Frankfurt/UK)
  • The Elder Scrolls V: Skyrim (Bethesda Game Studios)
  • Uncharted 3: Drake’s Deception (Naughty Dog)

Најдобра игра за преносни конзоли и мобилни телефони:

  • Tiny Tower (NimbleBit)
  • Super Mario 3D Land (Nintendo)
  • Jetpack Joyride (Halfbrick)
  • Infinity Blade II (Chair Entertainment)
  • Superbrothers: Sword & Sworcery EP (Capy Games/Superbrothers):

Најдобар звук во видео игра:

  • Bastion (Supergiant Games)
  • LittleBigPlanet 2 (Media Molecule)
  • The Elder Scrolls V: Skyrim (Bethesda Game Studios)
  • Dead Space 2 (Visceral Games)
  • Portal 2 (Valve)

Најдобра игра која може да ја симнете:

  • Stacking (Double Fine)
  • From Dust (Ubisoft Montpellier)
  • Bastion (Supergiant Games)
  • Outland (Housemarque)
  • Frozen Synapse (Mode 7)

Најдобро презентирана приказна:

  • Portal 2 (Valve)
  • The Witcher 2 (CD Projekt RED)
  • Bastion (Supergiant Games)
  • Uncharted 3: Drake’s Deception (Naughty Dog)
  • Saints Row: The Third (Volition)

Најдобри дебитанти:

  • Supergiant Games (Bastion)
  • Team Bondi (L.A. Noire)
  • Re-Logic (Terraria)
  • BioWare Austin (Star Wars: The Old Republic)
  • Eidos Montreal (Deus Ex: Human Revolution)

Најдобар визуелен изглед:

  • Uncharted 3: Drake’s Deception (Naughty Dog)
  • Rayman Origins (Ubisoft Montpellier)
  • The Elder Scrolls V: Skyrim (Bethesda Game Studios)
  • El Shaddai: Ascension of the Metatron (Ignition Japan)
  • Battlefield 3 (DICE)
Почести:
  • Пионер во индустријата за видео игри – Дејв Тхеурер, креатор на Missile Command, Tempest и I, Robot
  • Амбасадор – Кен Дорошов и Паул М. Смит, адвокати кои ја претставуваа индустијата за видео игри против Калифорнија
  • Награда за животно дело – Варен Спектор, основач на Junction Point Studios

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии