Elder Scrolls Online не е истата игра од 2014 година

Од тогаш па до сега се променија бројни работи и се отворија можности за прикрадување, кражби, убиства, нови системи за правда и поразлични PvE/ PvP изведби. Благодарение на додатоците како Orsinium, Thieves Guild, и Dark Brotherhood, приказната се надгради и нѐ прошета низ неколку интересни места, а приемот во гилдовите на крадците и братството го проширија арсеналот од нашите способности. Згора на тоа, претплатата стана изборна, а продавницата со микротрансакции никако не остава впечаток на pay-to-win.

Последниот додаток, Shadows of the Hist, е значително послаб од претходните додатоци и нуди само две зандани кои можете да ги истражувате со вашите пријатели. Од она што ние можевме да забележиме, интересот за занданите делува минимален и во последната недела со часови чекавме некој да ни се приклучи преку алатката за барање група.  Во тој случај, можеби е подобро да се посветиме на иднината и да видиме што понатаму нѐ чека за Tamriel Unlimited.

One Tamlriel нема да е DLC туку уште една од константните надополнувања на клучната игра, а целта е да го отстрани поголемиот дел рестрикции во поглед на вашето ниво. Имено, можете да одите на која било мапа и да се борите со кои било непријатели затоа што новиот борбен систем автоматски се прилагодува на вашето ниво и се труди да понуди соодветен баланс; нешто слично на системот кој беше воведен со последните додатоци (Orsinium, Thieves Guild, и Dark Brotherhood). Поради ова, наградите кои ќе ги добивате по завршување на квестовите,  оружје или опрема, ќе биде соодветно за вашето ниво.

Слично промени се очекуваат и во Graglorn – територија која „не можете“ да ја истражувате ако не сте дел од поголема група. Со промените во октомври, за кога се очекува One Tamriel да стапи на сила, ќе можете да ги завршите сите главни квестови соло, а останатите групни мисии со само еден играч.

Во поглед на PvP конечно ќе можете да предизвикате некого и да ги тестирате вашите способности во дуел.

Како последна новина се и најавите за празнични настани. Првиот таков настан се вика Witches Festival и ќе се одвива во октомври, а вториот, New Life Festival, на крајот од годината.

Сите овие промени се пропратени и со промоцијата на The Elder Scrolls Online: Gold Edition, односно скоро комплетна верзија на играта која покрај основната игра, ги содржи и првите четири додатоци, Imperial City, Orsinium, Thieves Guild, и Dark Brotherhood, по цена од 60 евра. Оние кои ја имаат играта можат да ги купат сите додатци за пониска цена од 5500 круни или 35 евра.

Во случај да не ви се чека до октомви, можете да ги тестирате споменатите новитети на PTS (Public Test Server) уште од наредната недела.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии