The Elder Scrolls Online: Morrowind е најавена за јуни

Во штотуку најавената The Elder Scrolls Online: Morrowind имате на располагање нова кампања, територија, класа и PvP бојни полиња.

Приказната е со времетраење од 30 часа, а е сместена 700 години по настаните од The Elder Scrolls III: Morrowind. Во новата авантура ги здружувате силите со легендарен атентатор од редовите на Morog Tong и истражувате целосно нова територија во и околу градот Вивек. Целосно новата класа, Warden, ви дозволува да ги користите магичните сили на природата и да навлегувате во битките со ваш личен сопатник, во форма на воeна мечка. Исто така, PvP можностите се проширени со дополнителни 4v4v4 битки во арени.

Основната едиција на The Elder Scrolls Online: Morrowind чини 60 евра, а во неа е вклучена и основната игра. Оние, пак, кои веќе ја имаат основната игра, можат да извршат надградба за 40 евра. Дополнителни дигитални добра, како сопатник, коњ, милениче, би можеле да добиете со колекционерското издание (80 евра).

The Elder Scrolls Online смени многу работи од 2014 и прерасна во солидна ММО игра. Нивниот неодамнешен потег со воведување Crown Crates се покажа многу непопуларен и за многумина гејмери само ги потврди сомнежите дека сè што се прави во ES:O се прави со микро трансакции на прв план. Искрено се надеваме дека најавата за нова експанзија ќе се покаже како потег во вистински правец и ќе поврати дел од разочараните гејмери. До излегувањето на Morrowind, меѓутоа, нè очекува надополнувањето кое ќе ни дозволи да купиме дом надвор од дома и да се вселиме во некоја од претходно одредените куќи низ Тамриел.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии