The Elder Scrolls Online: Dragon Bones доаѓа во февруари

The Elder Scrolls Online не се уморува од забрзаното темпо со исфрлување додатоци и почетокот на 2018 година планира да ја одбележи со две нови зандани.

Во Dragon Bones вие и вашите пријатели ќе мора да се спротивставите на стари и нови непријатели и да го спречите ослободувањето на една од „најсмртоносните чуми во Тамриел.“ Занданите се викаат Scalecaller Peak и Fang Lair и нивното преигрување е овозможено со нормална или ветеранска тежина.

Во The Elder Scrolls Online, традицијата има покажано дека додатоците се испорачуваат во две форми. Едниот додаток е збир од нова приказна, територија, вештини и опрема, а другиот додаток е во форма на пар од зандани, со можности за нова опрема. Традицијата исто така има покажано дека само првата форма на додаток е популарна, а во случајот со занданите, често се случува со часови да не можете да најдете група за играње, особено доколку не сте во гилд и не малтретирате и преколнувате луѓе да ви се приклучат.

Добрата страна на Dragon Bones е тоа што секое DLC е препратено со бесплатни надополнувања. Па така, надградбата 17 ќе донесе нов систем за облека кој ќе ви дозволи да го менувате изгледот независно од опремата која ја носите. Покрај ова, ќе добиете и две нови Battlegrounds, односно Mor Khazgur и Deeping Drome, но за да им пристапите задолжително е поседувањето на Morrowind експанзијата. Паралелно со ова, конечно ќе можете да складирате работи во ненормално прескапите домови, а системот за надградби на вашиот лик исто така ќе биде преработен и проширен со алатка за совети.

Секој пат кога некој од вашите ликови ќе се надгради, ќе добиете совети и корисни награди во форма на злато, материјали или пијалаци, а во одредени ситуации и ново животно за јавање или Crown Crate.” Crown Crate e ESO верзија на Loot-box со RNG механики од кои ќе ви се слоши.

The Elder Scrolls Online: Dragon Bones е бесплатно DLC за месечните претплатници. За сите останати, основното пакување ќе чини најверојатно 2000 круни – валутата на ESO која се купува со вистински пари или се добива од месечна претплата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии