Екстензија која ги сумира најважните податоци од правилата за користење

Најверојатно секој од нас најмалку еднаш одбрал „Ги прочитав и ги разбирам правилата за користење“ без да ги прочита или да ги разбере. На пример: „Дали знаете дека Amazon ве следи на страниците“ или „Компанијата може да ги промени правилата за користење во било кое време?“.

Terms of Service; Didn’t Read е екстензија која ги оценува веб страниците според праксата која ја имаат кога се во прашање податоците на корисниците.

Така како добра пракса се оценети:

  • Бришењето на податоците од следењето кое го прави Twitter;
  • Бришењето на лични податоци кое го овозможува Netflix;
  • Сè што прави Wikipedia
  • Не следењето на DuckDuckGо
  • куп други кои може да ги разгледате тука.

Во зависност од квалитетот на овој договор ќе добиете податок дали договорот е добар или лош. Добра вест е дека добивате конечна оценка и кратко образложение за оценката.

За жал, екстензиајта има 2 недостатоци. Првиот е клучен, не фукционира како што би требало според најавата. Вториот е што нема доволно податоци за поголем дел од страниците. Корисникот може да отиде и на веб страница и да го побара сајтот за да дознае каква е пракасата на платформата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии