Експлозија во Осло пред канцелариите на премиерот – видео, слики, реакции и информации на Twitter

Повеќето Twitter корисници се шокирани како Осло може да биде мета на терористички напад откако експлозија ги уништи канцелариите на норвешкиот премиер и други владини институции. Премиерот Јенс Столтенберг не бил во канцеларијата, но биле многу други луѓе. Мртви се најмалку двајца, а се повредени десетица луѓе. Има и информација дека се чуло пукање по експлозијата, наводно луѓе облечени како полицајци пукале во младински камп на Работничката партија.

Во моментов се спроведува истрага, а норвешката полиција ги евакуира луѓето од центарот на Осло поради сомневање дека може да има уште експлозивни направи. Се претпоставува дека експлозијата била од автомобил-бомба бидејќи на местото имало остатоци од автомобил. Според BBC, пред неколку недели имало апсења на исламисти во Осло, што може да биде мотив за нападот.

Во моментов на Twitter се појавуваат се повеќе слики и видеа од норвешки граѓани кои ги користат мобилните да споделат информација (сликата погоре е од @Viciousviking), како и новости за терористичкиот напад од новинарите кои се на настанот.

Подолу е виџет од Twitter со хаш=таг #oslo кој содржи листа на најнови информации, слики и видеа, како од YouTube така и линкови за стримови во живо.


2 коментари на “Експлозија во Осло пред канцелариите на премиерот – видео, слики, реакции и информации на Twitter

  1. Муслиманите не се варвари, Северно европските земји се познати во историјата по својот варваризам (викинзи) очигледно е дека ни малку не се промениле варварите останава варвари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии