Експерти ја повикаа Европската Унија да забрани вештачка интелигеција за рангирање на луѓе

Дејан Соколоски

во Свет

Група експерти побара од Европската Унија да забрани било каква употреба на вештачката интелигенција за креирање на алатки за рангирање на луѓето или за масовно следење. Вакви алатки засега веројатно и не се развиваат во Европа, но ако сака да ја зацврсне позицијата на лидер кога етичкото користење на вештачката интелигенција е во прашање треба да донесе ваква одлука.

Дополнително и алатките кои може да се користат за следење на цели означени како опасност за државите мора да бидат добро регулирани.

Ваквите апликации кои се користат за рангирање на граѓаните  би можеле да се користат на пример за оцена на пример дали некој е соодветен за вработување на пример во државна служба  или армија. Потоа ако граѓанинот се задолжува можеби ќе биде одбиен да се вработи на позиција на која ќе има допир со државни или компаниски тајни. Дополнителен проблем кај системите е вградената пристрасност, за која иако девелоперите често се свесни тешко се отстранува.

Анализата не експертите е достапна за разгледување и има подетални насоки за иден развој. Иако упатствата се подетални од претходни неколку точки, засега  не се преточени во предлог на закон. Со оглед на тоа дека станува збор за релативно нова технологија секако ќе биде потребно дополнително разгледување на секоја од препораките и идни потенцијални примени.

Веројатно најголема причина за страв е алатката која се користи во Кина за која дел од експертите  веруваат дека се користи за следење и „вразумување“ на граѓаните. Дополнително системи за масовно следење постојат и во развиените и демократски држави, вели Verge.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии