Екранот на Samsung Galaxy Fold се расипува по неколку дена?

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Дел од корисниците кои го тестираа новиот Samsung Galaxy Fold по неколку дена пријавија проблеми. Проблемите можеби и можеа да се избегнат ако Samsung имаа подобри објаснувања за корисниците.

Проблеми со новиот Galaxy Fold имаше новинарот на Verge кој имаше можност пред другите да го прегледа телефонот. За жал веројатно причина за расипувањето на екранот се недоволно јасните објаснување. Новинарот го отстранил „screen guard“-от на уредот. За жал на овој дисплеј заштитата не може да се отстрани.

Samsung најави дека веќе започнува да проверува која е причината за дефект во уредите, иако почетокот на продажбата и натаму е закажан за 26 април.

„Неколку луѓе кои правеа прегледи пријавија дека откако ја отстраниле горната заштита на дисплејот, имало штета на екранот. Главниот дисплеј на Galaxy Fold мора да има заштита, и таа е дел од структурата на дисплејот. Отстранувањето на заштитата или додавање на лепила може да предизвика штета. Сигурно ќе обезбедиме оваа информација да биде јасно видлива за корисниците“, вели Samsung за Wall Street Journal.

Се чини дека најголемиот проблем со телефонот е точно со отстранување на заштитата, но не сите го имаат овој дефект на уредот. Фолијата на CNBC е оставена на телефонот, но екранот на телефонот, поточно левата страна постојано трепка.

Samsung нема да ја одложи продажбата на телефонот, но се чини дека пред почетокот ќе мора да дадат одговор на прашањето „Што ги предизвикува проблемите со екранот на Galaxy Fold?”. Не баш толку одамна компанијата имаше фијаско со издавањето на Galaxy Note 7. Тогаш поради запаливост на батеријата Samsung ги повлече сите телефони од оваа серија.

1 коментар на “Екранот на Samsung Galaxy Fold се расипува по неколку дена?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии