Екрани на 120Hz, Galaxy S20, Z Flip од Samsung

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Во време кога едвај чекаме да дознаеме нешто нова на Mobile World Congress, Samsung se одлучи десетина дена порано да ја претстави новата генерација на телефони.

Ова „претстави“ секако земете го со резерва. Речиси ништо што откри производителот не беше ново за љубителите, и беше објавено со куп протекувања претходно.

Да бидеме сосем искрени, откако производителите започнаа во своите „флегшип“ уреди да ги „полнат“ со истиот хардвер некако и ентузијазмот околу овие настани ни е намален. Униформноста на телефоните е една од главните причини поради кои се радуваме на флексибилни екрани или телефони кои се преклопуваат.

Samsung секако е првата компанија која го покажа својот телефон со флексибилен дисплеј, иако не се прославија со оваа презентација. Овојпат компанијата има нов телефон Galaxy Z Flip, малку поевтин, а сепак со сличен дизајн. Секако „ѕвезда“ на претставувањето е Galaxy S20 ексклузивниот модел на Samsung за „обичните“ корисници (За најпребирливите е резервиран Galaxy Note).

120Hz дисплеј

Во купот на сличен хардвер навистина не е едноставно да се направи разлика и да се отскокне од конкуренцијата. Samsung со новите телефони ќе испорача екран со рефреш од 120Hz. Колку ова е клучно за екран на телефон останува да видиме наскоро, иако дел од прегледите велат дека транзициите се супер „мазни“.

Сепак една работа е јасна повисок рефреш е поголем товар за батеријата па со максималните 120Hz времето помеѓу полнењето е покусо за 10 отсто.

Samsing не ги намали цените на телефоните

Можеби помалку наивно дел од нас веруваа дека компанијата малку ќе ја намали цената барем на основниот модел. Најавата не разубеди, компанијата очигледно смета дека другите сегменти од пазарот ќе ги покрие со други уреди, а S20 доаѓа со цени од 1000 до 1600 долари.

Разликата во дизајнот во однос на претходните неколку модели речиси и да нема. Екранот е малку поблаго закосен кон краевите, селфи камерата е поблиску до центарот, но друга разлика речиси и да нема. Што значи дека и новиот телефон е екран, речиси од крај до крај, стакло на задната страна, и метална рамка околу.

Најголемата промена покрај 120Hz на екранот е можноста телефонот да се поврзе на 5G, засега е рано да се зборува дека ова е клучно за успехот на телефонот. Мрежата е во рана фаза на развој и зоните на покриеност за мали.

Она што ќе биде навистина интересно да се дознае од првите прегледи е дали новата камера на телефонот може да се натпредува со камерата на Pixel и iPhone. Времето во кое квалитетот на сликите зависеше исклучиво од хардверот е минато. Речиси и да нема камера за паметен телефон на првите места без сериозна помош од вештачка интелигенција. Pixel и iPhone ова го имаат имплементирано речиси совршено и се забележува и на сликите.

Хардвер na Samsung Galaxy S2o

Основниот модел доаѓа со 6,2-инчен Dynamic AMOLED екран, а поголемиот модел доаѓа со 6,7-инчен AMOLD Dynamic дисплеј, двата модели се разликуваат и по капацитетот на батеријата. Поголемиот уред доаѓа со Quad HD+ екран и 4,500 mAh капацитет на батеријата. Батеријата на помалиот телефон е 4000mAh.

И разликите престануваат тука, телефоните доаѓаат со Snapdragon 865 процесор; барем 12GB RAM; и 128GB слободен простор.

Ако ова не е доволно Samsung има и Ultra модел. Доаѓа со 6,9 инчен Dynamic AMOLDED екран и 5000 mAh батерија. Дури и основниот модел на телефонот чини 1400 долари.

Што се однесува до камерите телефонот изгледа дека има навистина солиден хардвер. Она што е најголем недостаток не се камерите туку пазарот на кој се натпреварува со iPhone и Pixel. S20 доаѓа со 10MP предна камера, и тројна главна камера. Стандардната камера е 12MP f/1.8; широко-аголен објектив (120 степени) е 12M; и теле-фото камерата е 64MP, f/2.0. S20+ доаѓа со дополнителен сензор за длабочина.

Камерите значително се разликуваат кај Ultra моделот. Селфи камерата е 40MP и 108MP сензор на главната камера. Широко-аголниот објектив е ист како и кај помалите модели, а теле-фото камерата е 48МР, f/3.5.

Она што е добра вест за сите е дека Samsung пронајде начин да ги подобри перформансите на апликациите кои корисникот најчесто ги користи. Корисникот може да зачува 5 апликации во меморијата на телефонот и со тоа да има побрз пристап.

Уредите доаѓаат со Android 10, поточно Samsung прилагодување на оперативниот систем One UI 2.0.

Веројатно веќе забележувате дека оваа година Samsung нема поевтин, туку само посакапи модели.

Samsung Galaxy Z Flip

Ако се надевавте дека и оваа година ќе има флексибилен екран имате среќа (иако ова веќе го знаете со оглед дека протекоа информации).

За разлика од претходниот модел на Samsung овој потсетува на старите телефони кои се преклопуваа. Сличен уред неодамна претстави и Motorola и веднаш го распродаде.

Телефонот има 6,7-инчен екран, но кога е склопен зафаќа половина од просторот. Штом се отвори се претвора во стандарден телефон. Уредот доаѓа со Android 10 и Samsung One UI. За поголема издржливиот дисплејот е од ултра тенко стакло, што е подобро од пластика.

Телефонот доаѓа со Snapdragon 855+ процес; 8GB RAM и 128GB слободен простор. Батеријата е 3300 mAh и е поделена во двата дела. Добра вест е дека телефонот е поевтин од Galaxy Fold. Galaxy Fold чини 1 980 долари, a Z Flip 1 380.

Продажбата на Z-Flip започнува на 14-ти февруари. Galaxy S20 телефоните излегуваат на 6-ти март, а претпродажбата започнува на 21-ви февруари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии