Ефикасноста е за роботите, луѓето се добри за неефикасните работи

Дигиталниот визионер, Кевин Кели, на TED ја даде својата визија за иднината. Поради различните типови на интелигенција и можноста за специјализација и фокус на само една и игнорирање на другите, вештачката интелигенција изгледа „попаметна“ од луѓето.

Можноста за креирање на поинтелигентни машини, може да се спореди со првата индустриска револуција. Тогаш луѓето создадоа „вештачка“ моќност, денес создаваат вештачки ум.