Ефикасно управувајте со табови на прелистувачот со Cluster

Cluster e одлична алатка за управување со табови од вашиот Chrome прелистувач. Можете да распределувате отворени табови, да ги сочувувате сесиите кои сте започнале на некои од нив, па дури и да ги паузирате табови за да не влечат меморија. Точно така, Cluster визуелно ги прикажува јазичињата на горната лента од прелистувачот, но ја отстранува содржината која се наоѓа во нив. Откако ќе кликнете на еден таков таб, содржината автоматски се вчитува, што знае да биде многу поефикасно од секојдневната алтернатива со кликнување линкови или F5 за освежување на содржината.

Cluster е алатка која бара одредено навикнување и заменување на вашите секојдневни навики со поефикасни алтернативи, но, штом го совладате таквиот компромис, нема да сакате да се вратите онаму каде што сте биле пред користење на алатката. Авторите се гордеат со минималното трошење ресурси, како и овозможување целосна приватност на корисниците.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии