Ефикасно справување со фајлови со Search My Files

Имате еден куп фајлови и едноставно не знаете како да излезете на крај со нив? Search My Files е апликација која би можела значително да ви ги олесни таквите маки.

Search My Files, како што кажува и самото име, ефикасно пронаоѓа фајлови вдомени во вашите хардискови, а потоа нуди флексибилни можности за нивно преместување или бришење (во случај на дупликати). Лоцираните индивидуални фајлови ги поставувате во зависност од нивните имиња, големина, и датум. Доколку се работи за песни, можете да ги средувате во поглед на нивната должина, а, доколку се работи за фотографии, можете да ги средувате во зависност од нивните димензии.

Search My Files ви дозволува да ги сочувате вашите пребарувачки разултати, како би можеле екстра брзо да ја повторите истата пребарувачка постапка во иднина.

Алатката ви дозволува безбедно не само да преместувате, односно копирате фајлови, туку и безбедно (читај: неповратно) да ги избришете истите. Најновата верзија (13) суптилно ја надополнува алатката, ги подобрува перформансите и исправа одредени багови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии