Ефикасно преземање торенти со Deluge или BiglyBT

Кога се работи за програми за преземање торенти, одредено име особено се истакнува. μTorrent. Но, μTorrent и сличните гиганти сега се само сенки на нивните претходни верзии и, како такви, првенствено служат за бомбандирање на корисниците со непотребни реклами и злоупотреба на довербата преку инсталирање програми без ваше знаење.

Токму поради ова, доколку се уште не сте ја направиле потребната транзиција, можеби не е лошо да го свртите вниманието кон Deluge или BiglyBT.

Deluge е она што беше μTorrent во старите добри времиња. Се работи за исклучително комплексен програм кој изобилува со опции за флексибилно преземање торенти, без да инфилтрира реклами или сомнителни операции. Со сличен впечаток ќе се здобиете и при работа со програмот BiglyBT – брза апликација заснована на Vuze која нуди се што можете да барате во еден модерен BitTorrent клиент. Она со што највеќе се истакнува BiglyBT е опцијата за Swarm Merging, односно комплетирање торенти без сите достапни делови, што знае да биде корисно во одредени ситуации. Tag Discovery, пак, ви покажува како другите преземачи на торентот го одбележале таквиот пакет за преземање.

За крај, чувствуваме потреба да истакнеме дека нема ништо нелегално во користење програми за преземање торенти. Нелегалното и неморалното стапува на сила само кога ќе се доведе во прашање природата на самите торенти.

1 коментар на “Ефикасно преземање торенти со Deluge или BiglyBT

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии