Ефикасна компресија со PeaZip

Компресирање податоци знае да биде исклучително корисен процес. Но, наоѓање на соодветна алатка, пак, знае да биде предизвик. 7zip или мини алтернативата Eazy 7-zip се феноменални решенија, но тука некаде би го ставиле и PeaZip.

Како open-source фајл, PeaZip ви дозволува да создавате, конвертирате и извлекувате компресирани податоци. Овој менаџер за архиви е највеќе корисен и фален за можноста бесплатно да извлекува RAR копресирани фајлови. За жал, не може да креира во RAR форматот.

Најновата, седма верзија на PeaZip врши темелни надополнувања на интерфејсот какоби можел подобро да се прикажува на DPI екрани. Луѓето кои ценат поразлични изгледи на алатката, имаат на располагање многу повеќе теми и икони.

Паралелно со ова, програмот може автоматски да отвора TAR архиви, а и полесно да пронаоѓа дупликат фајлови. Менаџерот со фајлови, кој е дел од апликацијата сега е способен директно да ги анализира содржините од фолдерите.

При инсталација, внимавајте што прифаќате. PeaZip ќе проба дискретно да ви провлече и дополнителни програми кои никако не ги препорачуваме.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии