Ефикасен пристап до сите Windows 10 инсталирани апликации со InstalledAppView

NirSoft е компанија за која не е потребно посебно претставување. Со години наназат, нивните бројни, бесплатни апликации наоѓаат секојдневна примена од илјадници корисници. Нивното најново преносливо чедо се вика InstalledAppView и има за цел да ви даде целосна контрола врз сите апликации кои се инсталирани во вашиот Windows 10 оперативен систем, вклучувајќи ги и тие апликации кои доаѓаат со самиот оперативен систем.

Windows 10 Installed App Viewer

По покренување на апликацијата, листата која ви се сервира може да се подреди според имињата на апликациите, нивната верзија, инсталационите фолдери, инсталационото време, и многу повеќе. За да добиете подетален увид за некоја апликација, потребно е само да ја селектирате. Десен клик на некоја апликација, меѓутоа, ви дозволува да направите (тивко) отстранување, да ја отворите во Regedit, или директно да се префлите во фолдерот во кој се наоѓа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии