Едвард Сноуден на SXSW предупреди дека NSA „ја пали иднината на Интернетoт“

Изворот на доверливите документи за системите на прислушување на NSA, Едвард Сноуден, се појави на SXSW конференцијата за технологија, музика и филм во Тексас за да ги предупреди корисниците дека мора да си ја заштитат својата приватност од властите. Се разбира г. Сноуден не беше лично присутен на конференцијата туку со Google Hangout беше пренесуван на конференцијата; тој се уште е во Русија на привремен азил.

„Луѓето треба да можат да ја отворат својата пошта без страв од шпионирање. Без разлика дали се новинари или активисти“.

Поранешниот аналитичар на NSA им се обрати на присутните на конференцијата како „на пожарникари кои мораат да го заштитат иднината на Интернет од пожарот кој го подметнува Националната агенција за безбедност“. Токму техничката заедница мора да го поправи ова, многу повеќе отколку луѓето во Вашингтон. Решението кое го предлага г. Сноуден е целосна енкрипциа на податоците, а како поддршка на оваа теза тој изјави дека владата не знае кои фајлови ги споделува со новинарите бидејќи енкрипцијата функционира. Засега тој не гледа на можноста владините агенции да ја пробијат енкрипцијата како на реална опција, поголема опасност е можноста од едноставно крадење на клучевите.

„NSA… тие ја палат иднината на Интернет. Луѓето во оваа сала, вие сте пожарникарите. Ни требате за да го поправите ова“.

Г. Сноуден остана на својата определба дека доколку мора да го направи ова повторно, ќе го направи без размислување. Тој обвини дел од директорите на NSA дека ја ослабеле безбедноста на САД, правејќи ја државата поподложна на сајбер напади. Сепак според него има голем напредок во заштитата на приватноста откако ги објави информациите. Очекувано публиката во салата по завршувањето на говорот го награди г. Сноуден со овации.

„Дадов заклетва дека ќе го бранам Уставот на САД, а видов како се прекршува до неверојатни размери“.

[youtube]CPrDqoaHHSY[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии