Едвард Сноуден е номиниран за Нобеловата награда за мир

Едвард Сноуден, поранешниот аналитичар на NSA кој го разоткри масовното шпионирање на Американската национална агенција за безбедност, е номиниран за престижната Нобеловата награда за мир која во 2009-та година ја освои американскиот претседател Барак Обама.

Г. Сноуден е номиниран од двајца норвешки пратеници кои велат дека со откривањето на тајното шпионирање на Интернетот се отвори јавна дебата „која допринесе кон постабилен и помирен светски поредок“. Според нив, поранешниот аналитичар придонесе кон потранспарентно владеење и поголема доберба на граѓаните во работата на институциите.

Доверливите документи кои г. Сноуден ги достави до неколку медиуми, веќе осум месеци ја шокираат јавноста со обемот и софистицирањето на шпионирањето преку Интернет. Преку документите дознавме дека американските и британските власти имаат системи кои собираат стотици милиони податоци дневно, преку друштвените мрежи, преку директни прислушувања на компании или преку мобилните телефони, па се до шпионирање на видео игри со намера да се откријат дополнителни податоци. Американските власти ги прислушувале и личните заштитени телефони на 35 светски лидери, а имаат и технологија со која може да шпионираат офлајн компјутери преку радио бранови.

Сепак, номинанацијата, иако и самата е престижна, не значи дека г. Сноуден ќе ја освои наградата. Номинациите траат до 4-ти март, по што следи прв состанок на Нобеловиот комитет. Победникот ќе се прогласи во октомври. Лани беа номинирани околу 260 луѓе за наградата која ја освои Организацијата за забрана на хемиски оружја. Г. Сноуден беше номиниран и за Time Person of the year, но тоа признание одите кон папата Франсис.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии