Eдвард Сноуден отвори Twitter профил, и ја заследи NSA

Работев за владата, а сега работам за јавноста, вели описот на Twitter профилот на поранешниот аналитичар на NSA, Едвард Сноуден, кој конечно му се приклучи на друштвената мрежа. Г. Сноуден го потресе светот сообјавување на доверливи документи кои откриваат дека американската Агенција за национална безбедност (NSA) користела софистицирани и нелегални технологии да ја следи интернет комуникацијата и да прислушува луѓе ширум светот. Иако тој често даваше интервјуа, учествуваше на панели преку видео стрим од Москва каде се крие од страв дека американските власти ќе го осудат за веле-предавство, сепак ова е прв негов личен профил на друштвена мрежа за кои вели дека се будно следени од NSA.

Toa што е интересно е што иако за неколку часа профилот го следат повеќе од 500.000 корисници, Едвард Сноуден следи единствено еден профил, профилот на NSA! Досега тој има неколку твитови и интересна преписка со популарниот астрофизичар Нил Дегрис Тајсон, но и со дел корисници кои не се согласуваат со неговите методи. Што се однесува до локацијата, г. Сноуден најверојатно твита во Москва. Доколу се врати во САД најверојатно го чека затворска казна од 30 години, и обвинение за предавство, поради документите и информациите кои ги сподели со медиумите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии