Едукативна работилница со Царинската управа: „Царински постапки и извоз во е-трговијa“

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ) заедно со Царинската управа на Ребулика Македонија и DHL, организираат едукативна работилница каде што сите заинтересирани е-трговци ќе може да дознаат повеќе за царинските постапки директно од претставници на Царинската управа.

Едни од главите предизвици со кои се соочувате или може да се соочите се царинските и административните процедури, а да не ги заборавиме и високите цени на извоз кои може да ја намалат конкурентноста. Доколку се занимавате со е-трговија и сакате да ги продавате своите производи на странски пазар, ова е настанот за вас.

На настанот ќе може да дознаете повеќе за тоа:

  • како да продавате-извезувате надвор од Македонија?
  • кои се поедноставените постапки на Царинската управа
  • како се врши увоз и извоз
  • како да направите поврат на ДДВ
  • како да ги минимизирате трошоците за испорака

Од АЕТМ велат дека резултатите од анкетите ги посочуваат административните пречки и царински процедури како главна проблематика за македонските е-трговци, како и високата цена за царински процедури, која влијае и на цената на производот, а со тоа ја намалува конкурентноста на истиот. Токму затоа и потребата од организација на еден ваков настан.

Програмата за работилницата е следна:

  • Обраќање на Јован Деспотовски – директор на Фонд за иновации и технолошки развој
  • Обраќање на Нина Ангеловска – Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија
  • Презентација: Златко Ветеровски – Помошник директор на Сектор за царински систем
  • Презентација: Офелија Бајо – Началник на Одделение за царински и даночни постапки.
  • Презентација: Марина Антова – Sales Supervisor DHL Express Macedonia

Настанот ќе се одржи на 13 септември (четврток) во просториите на Фондот за иновации и технолошки развој во почеток во 15:00 часот.
Учеството е бесплатно, но задолжително е да се регистрирате на следниот линк.

За повеќе информации следете го Facebook настанот.

1 коментар на “Едукативна работилница со Царинската управа: „Царински постапки и извоз во е-трговијa“

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии