Едноставно покренување во Safe Mode со BootSafe

Кога ќе наидете на некој проблем со Windows оперативниот систем и не можете да го отстраните во стандардната Windows околина, она што обично се препорачува е да навлезете во таканаречениот Safe mode.

Safe Mode е режим каде Windows оперативниот систем нуди основна функционалност и е лишен од сите непотребни софтверски алатки. Работата во Safe Mode се препорачува само на поискусните корисници и е солидно решение за одредени барикади. Влегувањето во Safe Mode-от зависи од оперативниот систем. Наместо да се мачите во подесувањето, BootSafe ќе ви помогне автоматски да навлезете во модот со наредното покренување на оперативниот систем.

BootSafe е исклучително мала и целосно бесплатна алатка која го олеснува и забрзува процесот. По покренување на алатката, имате на располагање четири опции. Normal Mode е за нормално покренување на оперативниот систем, а Safe Mode е за покренување на оперативниот систем само со основните драјвери и услуги. Сè што не е потребно за основно функционирање на системот ќе биде автоматски деактивирано. Третата опција, Safe Mode with Networking е исто како и втората, но со дозволен пристап до интернет. Четвртата опција, Safe Mode with Command Prompt Only е за ветераните кои знаат како да работат без визуелните предности на Windows Explorer. Штом одберете некоја од овие опции, кликнете на копчете Restart Windows за да навлезете во модот по рестартирањето на системот.

Преземете ја петтата верзија на алатката тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии