Едноставно и ограничено прелистување со Chromee Lite Browser

Мартин Јованчевски

во Веб, Софтвер

Со име како Chromee Lite Browser, лесно би можеле да помислите дека ова е едноставна верзија на Google Chrome, но тоа не би можело да е подалеку од вистината. Chromee Lite е сосема одделен проект, од компанија која нема никакви допирни точки со Google, но има желба да понуди исклучително едноставен и лесен прелистувач.

Да се каже дека Chromee Lite Browser е скромен би било потценување од епски размери. Ова е прелистувач кој е целосно лишен од напредни процедури и ви дозволува само да отворате нови јазичиња, да впишете, односно вметнете URL за некој сајт или пак да пребарате нешто преку Google. Десен клик? Дополнителни опции? Ова се работи кои се целосно непознати на Chromee Lite Browser.

Во случај да барате лесен, брз, и едноставен прелистувач кој со задоволство нуди опции кои можат да се избројат на прсти од една рака, тогаш проверете го тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии