Едноставни совети за сигурни лозинки

1. Користете разни лозинки за секој посебен сервис кој го користите.
2. При отворање на нови кориснички имиња не создавајте лозинки кои ги имате користено порано
3. Менувајте ја лозинката често
4. Нека вашата лозинка содржи најмалку 8 карактера
5. Составете ја лозинката со вклучување на бројки, букви и посебни карактери
6. Не го користите вашето име, презиме или пак телефонски број, адреса, град и слично
7. Гледајте вашата лозинка да не биде збор кој може да биде пронајден во речник
8. Не го користете името на вашето милениче како лозинка (ова го направи Парис Хилтон и погодете што се случи…)
9. Не ги користите следниве лозинки во НИКОЈ случај:

* administrator, admin…
* root или r00t
* hacker или haker
* password или lozinka
* god или gospod
* letmein
* changeme
* email
* love или ljubov
* loveme
* monkey
* pass
* sex или seks
* condom или kondom
* 123, 1235, 12345 или 654321 и сл.
* secret
* money или pari
* qwerty, qwerty123…
* qweasdzxc
* qazwsxedc

Многу е важно да запомните дека во никој случај не треба да ја споделувате вашата лозинка со никого, дури ако се работи и за вашиот шеф или пак ИТ администратор. Доколку тоа се случи, веднаш сменете ја лозинката во прва прилика.

Вашата лозинка третирајте ја како една од најголемите тајни во вашиот живот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии