Едноставен „трик“ да извадите слики од Word .docx документи

Дејан Соколоски

во Совети

Ако често имате работа со Word .docx документи од кои треба да извадите слики, овој текст може да ви помогне да станете малку попродуктивни.

„Трикот“ не е нов, но можеби не сте запознаени со него, а со негова помош може да ги извадите сликите, дури и ако немате инсталиран Office пакет.

Како да извадите слики од Word .docx документи

Можеби не знаете, но .docx документите всушност се .zip фајлови со различна наставка. Ова значи дека ако ја промените наставката на фајлот од docx во zip ќе добиете zip архива со соодветна структура. Во оваа архива сликите може да ги пронајдете во word > media фолдерот. Накусо се што треба да направите е да ја промените екстензијата и да ги најдете сликите.

слики Word .docx документи

слики Word .docx документи

слики Word .docx документи

За сите со помалку искуство со менувањето на екстензии ова ќе биде малку подетално објаснување што треба да направите. Најпрво, ако не ги гледате екстензиите мора да ги вклучите да се покажуваат.

Windows 7

  • Отворете Windows Explorer – Win+E или десен клик на старт и „Open Windows Explorer“
  • Од „Organize“ одберете „Folder and search options“
  • Во овој прозорец од View табот во „Advanced settings“ пронајдете ја и деактивирајте го „Hide extensions for known file types“.

Windows 10

  • Во „Search“-полето внесете „File Explorer options“
  • Во новиот прозорец од View табот во „Advanced settings“ пронајдете и деактивирајте го „Hide extensions for known file types“.

Со ова може да ги видите и менувате екстензиите на сите фајлови, секако правете го ова внимателно.

Овој трик не само што ќе ви овозможи полесно да ги извадите сликите, туку ќе може и да ви помогне отворате некои корумпирани (corrupted) .docx фајлови. Треба само да ги избришете сликите кои го предизвикуваат проблемот и да ја вратите екстензијата назад. Дополнително ако имате преголем .docx со големи слики може да ги оптимизирате сликите и да ги вратите назад. Ако фајлот со кој работите не е docx секогаш може да ги снимите како docx со помош на Office 2007/2010 или Office 2003 compatibility pack.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии