Еднооки се враќа на Веб, но скриен зад платежен ѕид

Популарнaтa сатирична серија Еднооки се враќа, но не на телевизија, туку онлајн на parahodot.tv. Тоа што е ново, освен новите шеги и исмејувања на политичките карикатури, е што Еднооки нема веќе да биде бесплатна за гледање. Кога одеше на телевизиската програма, серијата беше достапна за сите, иако не беше бесплатна бидејќи ни наплаќаа со спамирање на реклами. Но, разликата е што на веб, за да ја гледате серијата ќе мора да станете претплатници.

Еднооки ќе биде достапна преку прелистувач, мобилен телефон и таблет компјутери за сите кои ќе оделат 33 денари за една епизода. Според ценовникот, ценатa вклучува до 5 пати гледање на таа епизода со вклучени реклами. Ова можеби е отстапка од вообичаените платежни ѕидови на Интернетот на кои сме навикнати, дека ако плаќате претплата нема да има реклами.

Бидејќи е на Веб, Еднооки овојпат ќе биде достапнa и за корисниците од дијаспората кои ќе можат да платат од 1,3 долари за епизода до 5 долари за 4 епизоди со вклучени реклами, кои можат да се изгледаат до 5 пати.

„Убедени сме дека нашите корисници ќе бидат задоволни со новото искуство и можноста да ја следат секоја епизода во време и на уред кое најмногу им одговара. Првата епизода е бесплатна и е во документарен стил“, вели Борис Дамовски, продуцент и извршене директор на Параходот.

6 коментари на “Еднооки се враќа на Веб, но скриен зад платежен ѕид

    1. Не е проблем што се 33 денари. Напротив треба да има платежни ѕидови и по медиумите, инаку како ќе опстанат тие во свет контролиран од неколку огласувачи кои те уценуваат за попусти. Но, интересен е моделот – плаќаш и имаш реклами, што не е вообичаена пракса.

  1. Интересен избор на начин на заработка. Ама веќе ако прикажуваат реклами, тоест ако имаат огласувачи, тие огласувачи ќе платат поголема цена доколку има поголема гледаност, а тоа би значело бесплатно прикажување.

    1. Тоа е вообичаена пракса нели? Но, можеби се надеваат дека уникатната содржина ќе им привлече претплатници (и со добра бројка претплатници ќе привлечат реклами), иако на ТВ имаа далеку поразлична група гледачи (повозрасни гледачи), кои не верувам дека ќе ги претворат во онлајн претплатници.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии