Еднаш беше најлошиот македонски сајт, сега SAS.com.mk има сајт со кој може да се гордее

Пред само некоку години Сајтот на скопската автобуска станица беше убедливо најлошиот .мк сај. Не беше проблемот што беше лошо дизајниран, има и полоши сајтови, туку што SAS.com.mk е сајт на компанија која услужува илјадници македонски и странски граѓани дневно и како таков треба да биде лесен за користење и информативен.

Најлошиот сајт во 2011-та беше променет со нова верзија која исто така не беше доволно добра, иако беше достапна на тајвански, латвиски и еден куп јазици, вклучувајќи го и свахили. Сега – конечно! – SAS.com.mk доби редизајн со кој може да се гордее. SAS.com.mk сега наликува на вистински сајт на кој може лесно да се најдат информации за автобуските линии, времето и билетите. Интересно, најавено е и дека ќе има електронско купување на билети, но тој сервис се уште е во изработка.

Еволуција на sas.com.mk

13 коментари на “Еднаш беше најлошиот македонски сајт, сега SAS.com.mk има сајт со кој може да се гордее

  1. Абе јас незнам зошто сите се правите професионалци. Што и фали на страната? Неможете да видите возен ред? Нема информации? Полека малку, ќе поработат уште малце и ќе ја пуштат. Тоа што си имаат спонзори за маркетинг си имаат, подобро вака со сајдбар него да гледам игранка со статични банери од лева или десна страна.Ако можете вие подобро, предложете им и напрајте им подобро нешто од ова.
    Каква ни е моменталнава состојба на државава, добро е и што возниот ред им е точен и апдејтиран на брзо време.

    1. Еве да ти одговорам како професионалец,
      – дизајнот е 0, све ми боје лепостоје.
      -логото по сите норми треба да биде кликабилно кое води на почетната страна,
      – оние 4 по вертикала, копчиња/табови треба на цела површина да бидат кликабилни а не да нишаниш за да го погодиш линкуваниот наслов,
      -се чудам околу изборот на слики во ротаторот, слика од google map на Скопје, а онаа која во средина на сликата има канта за џубре е врв.
      -меѓународна автобуска без превод на сајтот на неколку јазици?? неразбирам.

  2. Замислата е ок, ама реализацијата останала во бета фаза.. барај автобуски станици во Македонија, листата долу е катастрофа, отвори да прочиташ информации за автобуската или компанијата, сајдбарот од лева страна (како да) прикрива нешто.
    За возниот ред, да не зборувам.. страната со копчињата за бирање, па над неа тој сајдбарот закачен горе-лево во ќош, па над сето тоа листата со возниот ред. Хаос.

    Ја не знам како ова ви се виде страна за гордеење. Да го завршат сајтот како што треба (па макар и без продажба на билети онлајн), да речам, ама вака.. не оди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии