Една третина од испорачаните мобилни телефони се Android

Полека, со помош на Samsung, Huawei, ZTE, HTC, Android станува доминантната мобилна платформа. Најновиот извештај на Canalys открива дека Аndroid држи 34 отсто од сите 438 милиони испорачани мобилни телефони ширум светот во четвртиот квартал. Околу 11 отсто држи Apple со iOS уредите. Оваа статистика се однесува на сите мобилни телефони, не само на паметните уреди.

Според податоците извлечени од 50+ земји кои ги следи Canalys, паметните телефони заземаат 50 отсто од сите испорачки на мобили телефони, а од нив 69 отсто испорачани паметни телефони се Android уреди.

На тој паметен пазар, според продажбите во четвртиот квартал, јужнокорејскиот Samsung е кралот со над 29 отсто, или 62,9 милиони продадени уреди, посебно Galaxy S3 и Galaxy Note 2. Apple e на второто место со 22 отсто од пазарот, или 47,8 милиони продадени уреди, а по нив следат кинеските производители Hauwei, ZTE и Lenovo. Но, разликата меѓу вториот Apple и третиот Hauwei е огромна. Кинескиот производител има продадено само 11 милиони уреди. Гледајќи ја статистиката можеби треба да се каже дека битката ја водат Samsung и Apple, а не Android и iOS.

Гледано за цела 2012-та година, Nokia е трета на листата со испорачани 35 милиони паметни телефони, Apple ima 101 милиони испорачани уреди, а Samsung, кој е на првото место, има испорачано над 170 милиони паметни телефони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии