Една SIM картичка да владее со цела Европа!

Најавата за Европа без роаминг сепак не е толку едноставно да се имплементира како што се претпоставува. Операторите често плаќаат многу пари за национални фреквенции во различни земји, а корисниците нормално би се одлучиле за операторите кои им ја нудат најевтината или најдобрата услуга. Ова теоретски би можело да предизвика сите корисници од Европската Унија да купат телефонски броеви од Малта на пример каде цената на импулсите е најповолна и да го користат овој телефон насекаде во Унијата, вели Quartz.

Во недостиг на поелегантни решенија во моментов се заговараат две солуции: првата е хармонизација на цената за фреквенциите кои ја плаќаат операторита; и втората користење на уреди со повеќе SIM картички. Со второто решение би се овозможило корисниците да плаќаат за разговор на операторот на државата во која се наоѓаат кога ги прават повиците, а со тоа и операторот не би губел пари. Во недостаток на решение кое би можело веднаш да се примени ова е можност краткротрајно да се надминат проблемите, иако корисниците би морале да имаат онолку SIM-картички колку што има држави од кои сакаат да разговараат.

Едно интересно решение што доаѓа од Белгија и Луксембург, пишува Politico, се договорија да ги спојат броевите, односно да им дозволат на операторите од двете земји да користат исти SIM картички со што ќе се избегнат роаминг цени. Така двете држави се однесуваат како еден мобилен пазар. Следниот чекор велат, е да се обидат да влезат во соработка со Германија, Франција и Холандија. Така Европа би можела да стане вистински еден мобилен пазар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии