Една од најстрашните игри – Outlast, добива второ издание

Outlast беше една од најстрашните инди игри во 2013 година и успеа да воведе нова и свежа димензија во хорор жанрот. Двојката ветува уште еднаш да проба да ви даде инфаркт, но со ново патување во длабочините на човечкиот ум.

За да покажат дека се озбилни во таквата намера, авторите Red Barrels издадоа демо за PC, PS4  и Xbox One.

Демото е исклучително кратко, иако тежи 8GB, но вреди доколку сакате да ги искусите почетоците на морбидната авантура на Блејк Лангрман. Приказната започнува со уривање на авионот сред пустина во Аризона и киднапирање на неговата жена од фанатичен култ. Немајќи друг избор, несреќниот новинар ја започнува потрагата за која, уште од самиот почеток, знаете дека нема да има среќен крај.

За тоа колку е страшна играта, погледнете го играњето и реакциите на IGN тимот.

Демото кое сега ние можеме да го играме е истото демо кое одредени новинари го играа за време на настанот PAX East. Што се однесува за целата игра, авторите го презакажаа излегувањето од оваа есен за зима 2017 година.

„Нашата мисија, како едно инди студио, е да ви го понудиме најдоброто, најстрашното и најисполнителното искуство“ , објаснија од Red Barrels. „Токму поради тоа се посветуваме на насловот малку повеќе од предвидениот период затоа што сакаме нашата визија за Outlast 2 да не биде компромитирана на ниеден можен начин“.

Она што ние видовме од демото навистина ни остави впечаток и особено ни е мило што никако не се брза продолжетокот на Outlast. Приказот, како што ќе забележите почнува споро, но и во исклучително напната атмосфера и со феноменални светлосни ефекти и физика. Играта, исто така, ќе биде оптимизирана и за флуидно играње на постари конфигурации.

Минимална побарувачка:

  • OS: Windows Vista / 7 / 8 / 10, 64-bits
  • Процесор: Core i3-530
  • RAM: 4 GB RAM
  • Графичка карта: 1GB VRAM NVIDIA Geforce GTX 260 / ATI Radeaon HD 4xxx
  • HDD: 10 GB

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии