Дали знаете дека дневно преку интернет се споделуваат толку многу информации кои, за да ги снимите, ќе ви бидат потребни 168 милиони DVD-ја?
MBAОnline.com објави фасцинантен инфографик за се што се случува во само 24 часа на Интернет. Еве дел од неверојатните бројки, интересно во голем дел од нив Facebook е централната фигура:
- дневно се пишуваат по 2 милиони блог постови, доволно да го наполнат магазинот Time за следните 770 години!
- 172 милини различни луѓе го посетуваат Facebook секој ден, 40 милиони го посетуваат Twitter, 20 милиони Google+ и 17 милиони различни корисници го посетуваат Pinterest;
- дневно се трошат 4,7 милијарди минути на Facebook, и се објавуваат 532 милиони статуси;
- се закачуваат пo 250 милиони слики дневно, кои ако се испечатат ќе бидат високи колу 80 Ајфелови кули;
- неверојатни 865,000 часови видео се закачува дневно на YouTube. Тоа се 98 години гледање мачки нон-стоп;
- дневно се додаваат по 1.288 нови мобилни апликации, а се симнуваат над 35 милиони.
40 милиони Twitter, не 400 :)