Еден поинаков поглед на Скопје од минатото

Дејан Соколоски

во feature, Вести

Type of Skopje е проект на дизајнерот Даниел Јанев кој спојува дизајн, типографија и носталгија. Возејќи на велосипед по улиците на Скопје, тој бара и фотографира интересни табли за продавници од едно поинакво Скопје. Првата фотографија на блогот е од 2016 година, што претставува и почеток на собирањето на овие слики.

Фотографиите на блогот ги носи уникатната типографија, но она што е поинтересно е дека овие ознаки за продавници денес раскажуваат и приказна за минатото на градот и период во кои се направени.

Сакам да можев да посветам повеќе време, реално има уште многу вакви ретро кирилици низ Скопје, кои за жал полека се менуваат со нови „модерни“, вели Даниел Јанев.

Фотографиите се направени насекаде по Скопје, и секако дуќаните се насекаде по градот. Без разлика колку се далеку, г. Јанев се качува на велосипед и оди во потрага по интересна типографија.

Сум возел со велосипед насекаде каде мислам дека можам да најдам стари занаети и дуќани; Буквално од Драчево до Сарај. И да, не ги ставам сите табли и исписи, баш правам селекција на уникатни ретро исписи или рачни исписи. Да не биде само со четка на ѕид исцртано. Грубо од 10, само 5-6 влегуваат во потесна конкуренција.

Добра вест за сите е дека дека наскоро продолжува со собирање на типографија. Ако знаете за некоја интересна типографија и поважно ако ја знаете нејзината приказна, пишете му г. Јанев.

Мислам дека сега ќе почнам поактивно пак да собирам, и нормално ако некој знае места нека пише, само да не ми праќаат готови фотки, сакам јас да идам и ако можам да дознаам повеќе за секоја кирилица или испис.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии