Еден од најдобрите лаптопи за 2016-та, сега е хибрид

Image courtesy of Dell

Лаптопот кој по многумина е најдобриот лаптоп за 2016-та година, надминувајќи го дури и MacBook Pro ќе добие нов модел. Dell најави дека нивниот лаптоп – XPS 13 наскоро ќе добиде хибриден, таблет/лаптоп модел.

Надградбата не застанува тука. Dell ќе го надгради и процесорот па новата верзија на лаптопот ќе доаѓа со Kaby Lake процесор. Оваа генерација на процесори доаѓа со Intel HD Graphics 615 графичка картичка. Новата верзија ќе доаѓа со:

  • i5 или i7 процесор;
  • 4 до 16 GB LPDDR3 RAM;
  • од 128 GB до 1 TB SSD;
  • 720p камера со поддршка за Windows Hello отклучување;
  • читач на отпечаток,
  • батеријата според најавата е 46 W/h.

Изгледот е речиси идентичен, иако димензиите се малку помали на новиот лаптоп, јави Windows Central.

Компанијата најави и надградба за XPS 15 кој покрај Kaby Lake процесор ќе добие и нова графичка картичка. Овој пат тоа е Nvidia GTX 1050 со 4GB RAM. За потсетување новите графички на Nvidia немаат разлика на перформансите кога мобилните верзии се во прашање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии