Еден од најдобрите грамофони во светот се произведува во Македонија

На годинешното издание на Desoznanz посетителите имаа можност да се запознаат со грамофонот Dŵr. Ова немаше да биде толку интересно ако ова не беше еден од најдобрите грамофони во светотот и ако не беше произведен во Македонија. „Идејниот татко“ на dŵr, е Марјан Стојнев, кој неодамна зборуваше со Electronic Beats.

„Тимот што го произведува вели дека е 150 пати попрецизен од стандарден диџеј грамофон. Дизајниран и изработен целосно од локални луѓе и локални материјали, dŵr се склопува рачно и претставува вистински уникат и во светски рамки“.

Плочите последниве неколку години се враќаат во „мода“, иако дел од публиката и во периодот кога беа заборавени не ги менуваше плочите за ништо.

Ако се прашувате што го разликува добриот од лошиот грамофон, или најдобрите од добрите грамофони, тоа е константната брзина на ротација. Она што има најголемо влијание во квалитетот на овој грамофон е dŵr алгоритмот по кој грамофонот и го добил името.

Во развојот на грамофонот учествувале и Дарко Вакански и Драган Гиновски – Гино за изработка и финиширање на дрвените структурни компоненти; Александар Цаневски за имплементација и дебагирање на електронските склопови; Љупче Димов за извонредни металостругарски способности и внимание на детали; а поддршка дал и Оливер Никушев.

Она што го прави грамофонот исклучителен е и „сопка“ за понатамошен побрз развој. Секој дел е специјално прилагоден  на другите делови а прилагодувањето е бавен процес. Ова секако придонесува масовното производство да биде голем предизвик.

„Не гледам како dŵr би можел во скоро време да биде комерцијално произведуван на производна лента. Се работи за збир на компоненти кои мора да се прилагодуваат една на друга, да се проследуваат со проверки и мерења, и да се слушаат. Навистина многу да се слушаат – како резултатот не би изостанал“, вели г. Стојнев.

Иако веројатно претпоставувате дека грамофонот е наменет за професионалци, сепак dŵr првенствено е наменет за уживање во музичката репродукција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии