1 коментар 2 мин. читање

Ecobee го покажа редизајнираниот термостат со кој ќе му конкурира на Nest

Канадската компанија Ecobee го претстави Ecobee 3, паметен термостат кој треба да претставува конкуренција на Nest. Компанијата е позната по тоа што го креираше првиот термостат кој се поврзува преку Wi-Fi мрежа.

За разлика од претходната генерација овојпат Ecobee работеше на дизајнот, па сега намерата не им е само да биде функционален туку и убав за гледање. Компанијата смета дека токму изгледот е најголема предност која ја имаше Nest пред нивниот уред. Уредот доаѓа со 3,5 инчен дисплеј на кој може да се забележи надворешната температура и температурата во собите, а сето ова е спакувано во елегантно црно пакување.

[youtube]hcKpfzwPmpA[/youtube]

Термостатот контролира 32 сензори и овозможува загрeвање на собите каде што се присутни луѓето, и може да ја следи секоја од собите, и според потребите да ја промени температурата во неа. Доколку сите излезат од собата Ecobee 3 ќе ја намали температурата во неа, но слично како и Nest ги учи навиките на корисниците и ги предвидува нивните движења во текот на денот. Цената на Ecobee 3 е 250 долари и ќе биде достапен до крајот на месецот, сензорот и опремата за регулирање на температурата чинат 80 долари. Термостатот е компатибилен со опремата во 95 отсто од инсталираното греење во САД.

„Паметниот хаб е надвор од трендовите пред да бидат воведени. Со Ecobee 3 можете да креирате мрежа во вашиот дом која ќе биде централизирана на термостатот. Станува збор за интелегенција со еден хардверски дел помалку.“ вели Стјуард Ломбард, оснивач на Ecobee за Forbes.

[youtube]Bv5AaAjZhg8[/youtube]

[youtube]yrVv2_9C6Ec[/youtube]
Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top